Клучни предности на фрижидерите и машините за перење на Samsung
Некои апарати за домаќинство – како што е фрижидерот – работат 24 часа дневно, додека другите – како што е машината за перење – обично се користат интензивно во одреден временски период. Овие апарати се осмислени различно за различни намени, но едно им е заедничко: без нив е тешко да се замисли животот денес.
Samsung има богата традиција на поместување на границите на иновациите со крајна цел да ги примени напредните функции за да го подобри секојдневниот живот на различни начини. Затоа Samsung толку многу инсистира на подобрување на секој аспект од својата технологија.
Кои се тогаш секојдневните предности кои корисниците ги имаат од апаратите за домаќинство на Samsung? Напредните перформанси, вештачката интелигенција и платформата SmartThings, флексибилниот дизајн и функциите, и технологиите за подобра иднина и издржливост.
Што ги прави фрижидерите на Samsung единствени?
Бидејќи заштедата е еден од главните мотиви со кои купувачите се водат при изборот на апарати за домаќинство, со режимот AI Energy може да се заштеди и до 15% електрична енергија. Покрај тоа, кога станува збор за дизајнот, сега купувачите можат да уживаат во флексибилен стил и простор со модуларен и прилагодлив дизајн. Со фрижидерите на Samsung не треба да се грижите дали имате доволно простор за складирање на храната; сега може да складирате повеќе храна иако е фрижидерот со стандардни димензииу благодарение на технологијата SpaceMax. А кога станува збор за животниот век на фрижидерот – најважна е секако 20-годишната гаранција на инвертер компресорот.
При донесувањето одлуки за купување машини за перење, корисниците можат да се запрашаат – Зошто да изберам машина за перење на Samsung? Токму следниве одговори ќе влијаат на овој избор.
Доколку постои загриженост за сметките за струја, со технологијата EcoBubble може да се заштеди до 70% електрична енергија. Скоро кај сите, првата асоцијација за машини за перење е совршено чиста облека со заштита на ткаенината. Со машината за перење на Samsung, перењето со меурчиња отстранува 24% повеќе нечистотија и обезбедува 45,5% подобра нега на ткаенината. Исто така, како и кај фрижидерот, гаранцијата е една од клучните предности при изборот на апаратите за домаќинство на на Samsung – а кога станува збор за машини за перење, добивате 20-годишна гаранција на дигиталниот инвертер мотор, додека со платформата SmartThings сите купувачи ќе можат да искусат попаметно и поедноставно перење на алиштата.
Фрижидерите и машините за перење на Samsung претставуваат совршен спој на технологија, дизајн и функционалност, овозможувајќи им на корисниците супериорно искуство во користењето кое ќе трае години.