Истрагата на федералната влада на САД во врска со наодите на анти -монополски практики на големите рекламни агенции се прошири и на истрага на WPP, најголемaта светска холдинг-компанија.
WPP го издаде следното соопштение на својата веб страница: “WPP потврдува дека компанијата како и Interpublic, Omnicom и Publicis, три од нејзините подружници добиле судски покани од страна на анти-монополскиот оддел на Министерството за правда на САД, во врска со тековната истрага за праксите за видео и пост продукција во рамките на рекламната индустрија. WPP и нејзините подружници целосно соработуваат со истрагата. “
Ова значи дека четирите најголеми холдинг-компании со најголеми приходи беа повикани од страна на федералната влада, чија што истрага околу наводни извештаи за “местење понуди” продолжува.
Истрагата на DOJ се случува во време кога голем број на неетички практики од глобалниот бизнис со реклами кој ‘’тежи’’ околу 529 милијарди долари излегувaт на виделина. Седум месечната истрага спорведена од трговска група од индустријата (Асоцијацијата на национални рекламни агенции- Association of National Advertisers) наиде на податоци кои укажуваат дека агенциите добиваат попуст од медиумите продавачи за постигнување на прагот на трошоците во име на своите клиенти, што резултира во “бран на ревизии на агенциските договори со медиумите ” .
Omnicom и Publicis во петокот потврдиja дека добиле судски покани од страна на DOJ и дека планираат да соработуваат со истрагата. Interpublic Group даде слична изјава претходната недела, само неколку дена откако веста се објави во The Wall Street Journal.
Портпаролот на WPP се уште не се огласи по барањата за дополнителни информации, а тајмингот на различните судски барања за налози во моментов не е јасен. Dentsu Aegis, Havas и MDC Partners сеуште не дадоа одговори на прашањата во врска со тоа дали и тие исто така се вклучени во истрагата. До сега DOJ побара информации од седум агенции во врска со нивниот пристап за договори за видео продукција и пост-продукција: три во WPP, две во Omnicom, а еден во Publicis и IPG.
Истрагата се однесува на пракса во која агенциите наводно, или ги довеле во заблуда компаниите за продукција и пост-продукција за стапките кои тие ќе ги користат со цел да конкурираат за одредена бизнис понуда за клиентот или пак од нив побарале да учевствуваат во понудата во замена за услуга за идна соработка. Крајната цел е да се добијат поголеми приходи за матичните компании на агенциите.
Голем број на поединци тврдат дека ваквата пракса е широко распространета. Како што и една ветеранска продуцентска агенција изјави Adweek, “Би рекле дека ова се случува во последниите 20 години. Сите знаат што се случува.”
Извори: adweek.com; bizjournals.com