Агенциската мрежа DDB Worldwide, дел од Omnicom Group, ја претстави искусната Чака Собани како нов генерален креативен директор на глобално ниво.
Во својата нова функција, Собани ќе соработува зедно со глобалниот лидерски тим на агенцијата, предводен од извршниот директор Алекс Лубар, за унапредување на глобалната креативна мрежа на DDB и испорачување на креативна извонредност и ефективност за нејзините клиенти.
Собани важи за еден од најценетите креативци во светот, со бројни награди на меѓународните креативни фестивали и учество во нивните жири-комисии, вклучувајќи ги Cannes Lions, D&AD, One Show, the Andy’s, Art Directors Club, Eurobest, Clios, LIA, IPA, Creative Circle и British Arrows. Таа воедно била прогласена за „Креативен лидер за 2022 година“ од страна на магазинот Campaign, а редовно е вклучени и во листата Creative 100 на Adweek.
„Чака е вистински лидер. Таа предводи со нејзините дела, инспирира и длабоко ги разбира луѓето околу неа и клиентите со кои работи. Нејзината енергија е заразна, нејзиниот порив е немилосрден и нејзината посветеност несомнено е да се испорача извонреден креативен производ за нејзините клиенти. Таа е тип на лидер кој ве тера да сакате да бидете, да создавате и да правите сè подобро. Имаме извонредна креативна заедница во DDB, а додавањето на Чака ќе продолжи да го издигнува нашиот креативен производ за клиентите. Накратко, денес е многу добар ден за DDB Worldwide” – истакнува глобалниот извршен директор на агенцијата, Алекс Лубар.