Со Challenger, секој поминат зелен километар на велосипед или пак пеш носи поени, кои потоа корисниците ги заменуваат за попусти во локални бизниси. Исто така, со исполнување на зададени предизвици се добиваат и директни награди. Колку повеќе километри поминати пеш или пак на велосипед, толку повеќе Challenger поени кои носат попусти и награди.
Challenger е македонска апликација која веќе неколку години е активна на македонскиот пазар, но тимот достигна низа успеси и донесе неколку спин-оф продукти како што беа ChallengerДома, паричето.мк, и сега е главен партнер на кампањата IT4Charity.
Досега оваа апликација е бесплатна и користена од скоро 7.000 корисници, 3 ИТ компании и 56 мали бизниси. Со поминати вкупно 743.692 километри пеш, 59.060 км со велосипед, 540 освоени награди преку предизвици, и 400 преземени купони за попуст од Challenger продавницата.
Со Challenger@work сакаме да ги поканиме сите општествено одговорни компании да се вклучат во мисијата за здрав живот и оддржливи заедници.
Овој месец, тимот на Challenger доаѓа со нов продукт Challenger@work, функционалност наменет за компаниите кои сакаат да ги мотивираат вработените и воедно да бидат општествено одговорни.
Пандемијата ни донесе нова реалност и начин на функционирање, а со тоа вработените започнаа со работа од далечина. Ова значително го намали тимскиот дух во компаниите, кој што претходно полесно се одржуваше преку заедничко работење во канцеларија, тимски настани, дружби по завршување на работното време и многу други настани. Но, кога станува збор за организирање на тимски активности на далечина и импровизација за истите, многу компании се соочија со предизвикот за наоѓање на креативни решенија, како и мотивирање и поттикнување на своите вработени да се вклучат во ваквите активности.
Тимот на Challenger направи нов модел наменет за компаниите, а тоа е брендиран dashboard на кој се рангираат сите вработени според своите изминати зелени километри, а компанијата ги наградува најдобрите. Се што треба е вработените на една компанија да ја инсталираат апликацијата Challenger, а ние ќе го направиме dashbord-от. Eдна од трите компании кои ни се приклучија е Symphony Digital Skopje. Пресреќни сме бидејќи Symphony е компанија која е вистински пример за воведување иновативни начини за општествена одговорност, а воедно нудат интересни награди за најактивните вработени во нивната фирма. Заедно со тимот на Symphony ги „предизвикуваме“ нивните вработени да се движат почесто, да ги намалуваат CO2 емисиите во воздухот, а за тоа заедно ги наградуваме. За нас е ова е синергија која носи промени – вели Олга од Challenger.
Дополнително, компаниите имаат единствена можност да добијат свој затворен-брендиран предизвик на апликацијата Challenger на кој ќе се вклучат само вработените од компанијата. Ова е дополнителна функционалност го поттикнува тимскиот дух, а воедно возењето велосипед и пешачењето станува поинтересно, бидејќи сега вработените се натпреваруваат и борат за директна награда. Важно е дека со воведување на ваков новитет, компаниите директно се вклучени во исполнување на Одржливите Цели за Развој (Sustainable Development Goals), а со тоа се активно препознаени како општествено одговорна компанија пред своите клиенти.
Три македонски компании веќе го имплементираа овој нов продукт.
Доколку сте претставник на компанија, ве покануваме да се вклучите на борбата за почист воздух. Мобилната апликација е бесплатна и достапна за сите корисници на Android и iOS.