Во 1987 година, францускиот бренд на луксузна мода Chanel го лансираше својот прв часовник, таканаречениот “Première Edition Originale”, а пред само неколку денови, брендот го најави неговото реиздание.
Според Chanel, нивниот часовник треба да се носи како парче накит. Карактеристичното куќиште на ова лускузно парче го евоцираат капачето на иконичниот парфем N°5, додека пак нараквицата во форма на синџир испреплетен со кожни елементи треба да алудира на рачките од класичните чанти на брендот. Црнолакираниот дисплеј со златни стрелки и без бројки треба да го нагласува суштествениот дух на слободата и смелоста кои ги негува Chanel.
Заштитни лицата на новото издание на часовникот “Première Edition Originale” се француско-американската актерка Лили-Роуз Деп и јужнокорејската пејачка и актерка Џени Ким.
Кампањата се реализира во соработка со креативната агенција Omnicom, а промотивните спотови се режирани од страна на фотографското дуо Inez и Vinoodh.