Агенцијата за односи со јавност Чептер 4 (www.chapter4.eu) го ре-брендираше своето лого по повод 10 години од своето основање.
Новото стилизирано лого ја дефинира децениската заложба на оваа меѓународна мрежа да го зголеми квалитетот на Односите со јавност на пазарите во Југо-Источна Европа, да го презентира принципот на меѓународна соработка при реализација на една и единствена стратегија за клиентите. Исто така, да ги подобри стандардите за работење во професијата и да направи размена на знаења и искуства на професионалци во областа од различни држави.
Мрежата Чептер 4 е основана пред десет години во Виена, Австрија. Моментално има канцеларии во 10 држави на Југо-источна Европа (Австрија, Романија, Унгарија, Словачка, Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина, Косово, Хрватска и Македонија). Станува збор за агенција која дејствува на пазарите на Југо-источна Европа, застапувајќи локални, регионални и меѓународни брендови. Чептер 4 мрежата е ексклузивен застапник на светски етаблираната агенција за односи со јавност Burson Cohn & Wolfe (https://bcw-global.com/).