Друштвото за комуникациски менаџмент Чептер 4 ДОО Скопје ангажира/вработува лице за односи со јавноста и за комуникации.
За да станете дел од тимот на оваа меѓународна агенција, потребно е да бидете:
– амбициозна и комуникативна личност;
– подготвена за учење и надградување на своето знаење;
– во тек на или со завршено високо образование;
– одлично познавање на македонски јазик;
– одлично познавање на англиски јазик;
– познавање на компјутерско работење;
– подготвени за работа под притисок; и
– подготвени за работа со домашни и со меѓународни клиенти.
Ве молиме, вашите биографии, на англиски јазик, проследете ги на следната електронска пошта: office@chapter4.mk и/или t.stojcevski@chapter4.mk најдоцна до 10.04.2022 година.
Со почит и благодарност за вашите апликации!