Борис Бекер, управителот и еден од сопствениците на меѓународната агенција за односи со јавнста Chapter 4 и Дамир Југо, деканот на високата школа за комуникациски менаџмент од Хрватска – “Едвард Бернајс“ , потпишаа договор за партнерска соработка кој на студентите на школата ќе им овозможи оддржување на студентска пракса во некоја од 17-те земји од централна и источна Европа, меѓу кои и во Македонија каде Chapter 4 се присутни.
На овој начин студентите ќе добијат можност своето теоретско знаење да го збогатат со практично искуство во некоја од странските агенции за Односи со јавност и да се запознаат со различниот поглед на ПР професијата и различните техники и слатки со кои се служат стручњаците од многу делови на Европа.
Освем студентите кои со задоволство ја поздравија оваа иницијатива на школата Бернајс да ја шири мрежата на своите партнери и надвор од границите на Хрватска, дека задоволството е обострано, кажа и Борис Бекер, кој во име на агенцијата Chapter 4 истакна дека со ваквите и слични соработки наголемо се придонесува во развојот на професијата во целиот регион.