Стриминг сервисот Amazon Prime Video ја објави својата прва Божиќна кампања за европскиот пазар, под насловот „An unlikely friendship“ („Неверојатно пријателство“).
Централниот спот на рекламата раскажува приказна за неверојатното пријателство помеѓу еден чувар во зоолошка градина и хиена, обединети во својата љубов за забавната индустрија и смеењето.
Откако однесувањето хиената не е добро примено од другите хиени, чуварот решава да ја украде и земе за дома како миленик, поминувајќи ги празниците во весела и забавна атмосфера.
На крајот од рекламата се појавува слоганот “Every smile tells a story” („Секоја насмевка раскажува приказна“).
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција CYW и продукциските куќи Blur и Outsider.