Познатиот бренд на чипс Pringles ја објави својата реклама во повод претстојниот Супер Боул – финалето во американската фудбалска лига и најгледаниот телевизиски настан во САД. Главна ѕвезда на новата кампања е холивудскиот актер Крис Прат, кој со своите мустаќи наводно изгледа како маскотата на брендот – популарниот Мистер Принглс.
Централниот спот на кампањата отпочнува со сцена во продавница, каде Крис Прат купува пакување Pringles. Касиерката му забележува дека изгледа како Мистер Принглс и на социјалните медиуми објавува фотографија со забележаната сличност.
Објавата станува вирална и целиот интернет веќе почнува да го препознава Мистер Принглс во ликот на Крис Прат, одредувајќи му го натамошниот тек на кариерата. Сакал или не, Прат е приморан да го глуми Мистер Принглс во новиот филм посветен на почетоците на брендот на чипс. :)
Оваа хумористична кампања била осмислена од страна на креативната агенција Grey New York.