Во неделата, еден од најпознатите телевизиски водители во САД, Крис Волас, соопшти дека по 18 години ја напушта кабелската телевизија за вести Fox News.
Наскоро потоа беше соопштено дека 74-годишниот Волас ќе премине во лутиот ривал CNN, поточно ќе има нова емисија на нивната стриминг-платформа CNN+.

Крис Волас важеше за еден од поумерените водители во инаку про-републиканската Fox News, каде ја водеше смисијата Fox News Sunday.
За време на својата долгогодишна кариера, тој успеа да направи важни политички интервјуа со светски влијателни личности како американските претседатели Барак Обама и Доналд Трамп, рускиот претседател Владимир Путин, францускиот претседател Емануел Макрон итн. Тој исто така има водено и две претседателски дебати – во 2016 година помеѓу кандидатите Хилари Клинтон и Доналд Трамп и во 2020 помеѓу Доналд Трамп и Џо Бајден.
Преминувањето на Волас во про-демократската CNN предизвика бранувања во американската јавност. Дали Fox News отиде премногу „десно“ за Волас? Или пак CNN со новиот сопственик Discovery оди повеќе накај „центар“ (особено по отпуштањето на Крис Куомо)?
Според самиот Волас, тој на своите 74 години е спремен за нов кариерен предизвик. :)