На овогодинешниот Golden Drum ќе се претстават повеќе од 40 исклучително добри говорници од светската огласувачка и креативна индустрија, а меѓу нив најголемо внимание сигурно ќе привлече Cindy Gallop.
За помалку од 3 седмици во Љубљана ќе започне 23 по ред Golden Drum фестивал кој трае четири дена, од 18 до 21 Октомври, кој ќе понуди бројни интересни содржини и можности за сите креативци и млади.
„Ги одбројуваме деновите до отпочнување на фестивалот и ви ги претставуваме одличните говорници кои ќе излезат на сцената на Golden Drum,“ вели генералната директорка Mojca Briščik, која верува дека овогодинешниот фестивал ќе привлече гости и внимание, не само заради визуелниот идентитет, локацијата и натпреварувачките програми, туку пред се заради говорниците и мотивираноста на гостите да станат едни од идните луѓе-говорници кои ќе се качат на сцената.
На голема сцена на Golden Drum доаѓа Cindy Gallop, сигурно една од најмаркантните, најпрепознатливите и за многумина една од најдобрите 30 личности за огласување воопшто. Нејзиниот исклучителен говор за рекламите во иднина и маркетингот се пренесуваат низ целиот свет.
Таа е основач и директор на платформата www.IfWeRanTheWorld.com, a позната е и по својот проект www.makelovenotporn.com и единствен пристап за советување на компаниите кој го опишува на свој начин. „Сакам да си играм со нештата. Јас сум Michael Bay за оваа работа.“ Советува технолошки претприемачи, робни марки и компании кои развиваат иновативност низ целиот свет. Важи за уверлив и мотивиран говорник кој зборува на различни теми за време на конференциите и настаните како што се TED и Cannes Lions.
„Не радува што можеме да претставиме еден ваков признат говорник како што е Cindy Gallop. Нејзините говори се одлични, а што е поважно, слушателите не остануваат ладни. Убедени сме дека така ќе биде и на Golden Drum. Секако дека на учесниците им подготвивме низа од гости кои се исклучителни говорници.
Програмата што ја нуди фестивалот е интересна вели Mojca Majhen, извршен директор на 23. Golden Drum.
На сцената на фестивалот ќе зборуваат повеќе од 40 познати имиња од светот меѓу кои и Uli Reese, претседател, iV2, Германија,Emma Wilkie, директорка, The Gunn Report Ltd, Велика Британија, Darre van Dijk, извршен креативен директор, TBWA/Neboko Amsterdam, Холандија, Teodora Migdalovici, неверојатна Романка, долгогодишна амбасадорка на фестивалот Cannes Lions во својата земја,Ekrem Dupanovic, основач и главен уредник на порталот Media Marketing и Art & Business, Босна и Херцеговина, Ioana Filip, Извршен креативен директор, MRM//McCann Романија, Романија, Péter Tibor Juhász, лидер за комуницирање на пазар, Magyar Telekom, Унгарија,Ravid Kuperberg, partner, Mindscapes, Израел, Ivan Stankovic, основач, Communis, Србија, Tim Parry, директор за комуникација, Alzheimer‘s Research, Велика Британија, Folker Wrage, извршен креативен директор, Havas Worldwide, Швајцарија и мнгу други.