Популарниот српски бренд “Ципирипи“ (Cipiripi) многу скоро ќе ја “напушти“ компанијата Nestle. Како што пренесуваат медиумите од соседството, “ципирипи“ чоколадните таблети и крем ќе добијат свој нов сопственик во Силбо група, која во својот состав ја има компанијата “Параќинка“ а.д. Параќин. Трансакцијата, како што се најавува, ќе биде објавена на крајот од вториот квартал годинава.
Регионалната директорка за југоисточна Европа, Јана Михајлова, во својата изјава вели дека продажбата на “ципирипи“ нема да има влијание во намалување на работните места во компанијата Нестле Адриатик.
Брендот “Ципирипи“ има богата историја со повеќе од 27 години присуство во Србија, а во потрфолиото на Нестле беше во изминативе 7 години, која Нестле беше во “пазарување“ во компанијата Центропроизвод.
Овој потег од Нестле го најавуваат како “континуирана ревизија на портфолиото“. Некои шпекулации велат дека причина за продажбата е не толку добрата работа на “Нестле“ во Србија, за што сепак нема никаква официјална потврда.
Од страна на купувачот, компанијата Параќинка, изјавуваат дека се многу задоволни со купувањето на брендот Ципирипи во Србија: “Трансакцијата ги вклучува Ципирипи какао блоковите и намази. На овој начин брендот, со кој пораснаа многу генерации на граѓани од Србија, повторно го враќаме во “домашна“ сопственост. Наша цел е да овозможиме Ципирипи да расте и да се развива на пазарот на југоисточна Европа. Ова е прв пример на силен српски бренд кој се враќа во српска сопственост. Како резултат на тоа, ќе можеме да отвориме нови работни места, да го зголемиме српскиот извор и дополнително да го развиваме овој важен бренд!“