Францускиот луксузен моден бренд Christian Dior ја претстави својата нова празнична кампања за 2025 година под наслов „Циркус на соништата“ („Circus of Dreams“) – спектакуларна прослава на фантазијата и уметноста, во која главните улоги ги толкуваат глобалните амбасадорки Ања Тејлор-Џој и Дева Касел.
Кампањата ги повикува гледачите да влезат во соништата на еден волшебен циркус, каде што елеганцијата, движењето и имагинацијата се преплетуваат под небо облеано со златни ѕвезди.
Создадена во соработка со прочуениот италијански уметник Пjетро Руфо, кампањата го претставува шармот и чудесноста на циркус што се одвива под ѕвездено небо. Сјајните нијанси на златна, сребрена и розова боја ја осветлуваат сцената, претворајќи го светот на Dior во блескав спектакл на светлина и боја.
Во срцето на кампањата, Ања Тејлор-Џој ја презема улогата на главна изведувачка, која со грациозност ја води претставата на шарената сцена. Покрај неа, Дева Касел се појавува како таинствена пророчица што ја чита иднината преку блескав кристален глобус, внесувајќи доза мистерија во оваа волшебна приказна.
Околу двете музи настапуваат циркуски артисти, воздушни акробати и жонглери со оган, додека иконичните производи за убавина на Dior – парфеми, шминки и производи за нега на кожа – го исполнуваат златното светло под куполата на фантастичниот циркуски шатор. Секој елемент ја слави препознатливата „уметност на дарувањето“ на брендот во форма на визуелна магија исполнета со луксуз и соништа.
Со „Circus of Dreams“, Dior ја претвора празничната сезона во свет исполнет со волшебност и чудесност – место каде што имагинацијата се сретнува со елеганцијата!