Пивскиот бренд Heineken и агенцијата Le Pub го лансираа најновото продолжение на кампањата “Work Responsibly” („Работете одговорно“).
Насловена „The Office Cleaners“ („Чистачите на канцеларии“), новата реклама го промовира вопоставувањето на здрав баланс помеѓу работата и животот за луѓето кои работаат прекувремено, определувајќи јасни граници на работното место со цел да можат да уживаат во повеќе слободно време со оние личности кои што најмногу им значат.
Според истражување на ADP Research Institute, работниците ширум светот во просек поминуваат 9.2 часа неплатена прекувремена работа секоја недела. Проблемот е особено распространет во Аргентина, каде што 81% од луѓето велат дека работат премногу, особено во споредба со периодот пред пандемијата. Токму со тоа на ум, Heineken ја избра Аргентина како прв пазар каде што ја лансира рекламата „The Office Cleaners“.
Притоа, брендот склучи партнерство со повеќе локални компании за чистење, чии чистачи ќе носат специјални елеци на кои е прикажат QR код. Лицата кои работаат прекувремено во разни канцеларии ќе можат да го скенираат овој QR код и да добијат ваучери за бесплатно пиво за нив и нивните пријатели во најблискиот бар.
„Ако ги видите чистачите, време е да ги видите вашите пријатели“ – се истакнува на крајот од новата реклама на Heineken.