Во својата најнова кампања за британскиот пазар, автомобилскиот бренд Citroën се позиционира како „францускиот автомобил кој го зборува вашиот јазик“.
Кампањата е дел од спонзорството на Citroën на британскиот телевизиски канал Dave (дел од мрежата UKTV на BBC) и вклучува серија од кратки спотови кои се чинат дека се одвиваат во Франција, но потоа хумористично добиваат еден сосем поинаков, локален карактер.
Имено, кратките спотови започнуваат со сцени на некоја улица навидум во Париз, со традиционални француски кафулиња, продавници и пекари за пецива и слатки – и сето тоа пропратено со соодветна музика. Но, тогаш, целиот амбиент се „крши“ кога некој од присутните ликови ќе почне да зборува, откривајќи го својот „сочен“ британски дијалект.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција Havas London и продукциската куќа Rattling Stick. Медискиот закуп е остварен со помош на агенцијата MediaCom.