Агенцијата Traction, дел од BETC групацијата, му помогна на Citroën да му оддаде почест на т.н. Спачек со ова неверојатно дело
Во оваа дигитална ера, еден пензиониран столар дизајнира уникатна креација- Citroen 2CV направен од дрво.
Citroën 2CV, во нашите краеви познат како Спачек, беше ефтин модел на автомобил којшто Citroën го произведуваше од 1948 до 1990 година, а продаден е во повеќе од 3,8 милиони примероци. Магазинот Autocar пишуваше за овај модел во 1953 година, пофалувајќи ја „извонредната генијалност на овај дизајн, кој несомнено е најоригинален од моделот Т на Форд.“
За создавањето на дрвениот спачек биле потребни шест години напорна работа, многу посветеност и талент на една страствна и креативна личност – Michel Robillard.
Со помош на својата нова агенција Traction, која е дел од BETC групацијата, Citroën одлучи да му оддаде почест со ова неверојатно дело ставајќи го во дигиталниот Hall of Fame бренд, т.н. платформа Citroën Origins. На 21 август, дрвениот 2CV кој го создаде Michel Robillard официјално се придружи во виртуелниот музеј на легендарните модели на овај бренд, како што се Traction, DS или Mehari.
Со цел да го прослават овај настан, социјалните медиуми на овај бренд се „облечени“ во дрвено руво. Во текот на пет денови, од 21 до 25 август, профилните и насловните слики се направени од вистинско дрво.
Познатиот дрводелец Паскал Арлот, за оваа прилика, го изработи логото на Citroën на дрво.
Оваа акција ја обележува првата кампања на агенцијата Traction (BETC Group) за Citroën, бренд кој гледа кон иднината, но не го заборава и своето минато и наследство.