Францускиот автомобилски бренд Citroën лансираше кампања за европскиот пазар во која се илустрира богатата историја на брендот.
Кампањата насловена „Создавачи на удобноста“ (“Créateurs De Comfort”) претставува серијал од неколку анимирани филмови кои раскажуваат различни историски случки во изминатите стотина години, при што нивна заедничка нишка е присуството на некои од најиконичните модели на Citroën.
Исто така, случките во серијалот на спотови се адаптирани и во посебен стрип насловен „Неверојатни приказни за удобноста“ (“Incredible Comfort Tales”), кој ќе биде достапен за фановите преку онлајн сувенирницата на брендот, Citroën Boutique Lifestyle.
Креативната агенција која стои позади кампањата е Havas London, а продукциската куќа е Made by Radio.