На 25 и 26 јануари, на првиот кат од Скопје Сити Мол, ќе се одржи вториот „Сити базар“. Се работи за платформа која вклучува организирање месечни настани, кои ќе го оживеат духот на оригиналните и современи производи, како и на традиционалните уметности, нудејќи широка палета продукти изработени од вештите раце на македонските ракотворци.
„Сити базар“ ќе се одржува секој месец во текот на годината, на првиот кат на постојана локација и секогаш со нова тема, нудејќи различни настани, фестивали, базари, перформанси, едукативни и интерактивни работилници… насочени кон промоција на македонските креативци.
Овој викенд, на првиот кат од молот ќе се претстават: Ателје Tara Fashion, VGJ Art, Irena’s bouquets, од пчеларското здружение „Природен мед“ земаат учество: пчеларство И.З.Про-Мед и пчеларство Митревски, INFINITY DIVINE, МЕДАРНИЦА, Мое катче, INFINITY ACCESSORIES, Катарина Дода, Еpoxy handmade by clay, Аrtemis – рачни изработки, Ателје Сиена, ФРЕНКЛИ, Zen.Zeal и Монкдолс.
Како општествено одговорна компанија, Скопје Сити Мол активно се грижи за поддршка на локалните производители и занаетчии. Со оваа иницијатива ќе се поттикнат и посетителите да го поддржат домашното производство и да го ценат креативниот влог на македонските ракотворци.