Американската телевизиска куќа CNN официјално објави дека оваа пролег ќе го лансира својот стриминг сервис за вести и забава, наречен CNN+.
Фановите кои што ќе се претплатат во првите четири недели од лансирањето ќа плаќаат по намалена цена од 2,99 долари месечно – доживотно.
Претплатниците кои ќе се регистрираат по промотивниот период, ќе треба да плаќаат по 5,99 долари месечно – иста цена како за „Fox Nation“ на нивниот најголем конкурент Fox News.
Платформата ќе содржи дневни информативни програми, оригинални телевизиски серии, емисии за вистински криминални случаи и низа други содржини за готвење и патување, и тоа на три начини: во живо, на барање и интерактивни.
Според одредени информации, компанијата инвестирала 120 милиони американски долари во развојот на стриминг-платформата.
Исто така се шпекулира дека CNN има дополнителни планови да понуди и поевтина верзија на CNN+ која ќе биде поддржана од огласувачите т.е. ќе има реклами, иако деталите за тоа допрва треба да бидат објавени.