Брендот за безалкохолни пијалаци Coca-Cola отпочна нова кампања насловена “World Without Waste” („Свет без отпад“).
Првиот спот на кампањата претставува анимирано видео во кое компанијата со помош на телевизискиот презентер на образовни програми Бил Нај го објаснуваат процесот на рециклирање, разрешувајќи ги недоумниците поврзани со него и неговите фази.
Спотот почнува со краток осврт врз придобивките од рециклирањето, по што следи презентација на заложбите на Coca-Cola за создавање „свет без отпад“, на што се надоврзува објаснување на целиот процес на рециклирање, пред сé на пластиката – од собирање на отпадот, преку негово селектирање, до производството на нови шишиња Кока-Кола.
Спотот насловен „Кока Кола и Бил Нај го демистифицираат рециклирањето“ е создаден со помош на анимациското студио Mackinnon & Saunders.