Брендот за безалкохолни пијалаци Coca-Cola го најави лансирањето на нова глобална OOH кампања насловена „Recycle Me“ („Рециклирај ме“), со цел да ги инспирира луѓето да го направат рециклирањето дел од нивното секојдневно искуство со Coca-Cola.
Кампањата ќе започне на пазарите во Латинска Америка, каде брендот ќе постави серија надворешни реклами кои го прикажуваат логото на Coca-Cola откако нивната лименка е изгужвана за време на процесот на рециклирање. Овој влијателен визуелен приказ, придружен со повикот „Рециклирај ме“, е дизајниран да ја подигне јавната свест за рециклирањето и да ги поттикне потрошувачите да преземаат позитивна акција откако ќе конзумираат лименка Coca-Cola.
Оваа кампања е иновативен напор на Coca-Cola да ги мотивира потрошувачите да ги рециклираат своите искористени лименки, поддржувајќи ја компаниската стратегија за „Свет без отпад“ (“World Without Waste”). Користејќи ја моќта на иконичното и глобално препознатливо лого на Coca-Cola, новата кампања помага да се промовира идејата дека одржливоста е колективна одговорност и да се поттикне рециклирањето на масовно ниво.
Визуелните креативи биле создадени со извлегување на логоата од вистински изгужвани лименки. Користејќи различни техники како механички преси и правосмукалки, лименките биле изгужвани за да се направат уникатни варијанти на едно од најпознатоите логоа во светот. Притоа, секоја надворешна реклама ќе користи уникатно изгужвано лого, имитирајќи ги различните начини на кои луѓето ги гужваат нивните лименки пред да ги рециклираат.
„Во Coca-Cola имаме за цел да создадеме свет без отпад. Ние работиме на иновации на производите кон постигнување на нашата глобална цел да направиме 100% од нашите пакувања да може да се рециклираат до 2025 година. Исто така, имаме за цел да собереме и рециклираме шише или лименка за секое едно кое ќе го продадеме до 2030 година, а имаме уникатна можност да го искористиме нашиот маркетинг да испратиме моќна порака и да ги привлечеме потрошувачите кон нашата мисија. „Рециклирај ме“ нè повикува сите да рециклираме секаде каде што е можно“ – истакнува Ислам Ел Десуки, глобален потпретседател за креативна стратегија и содржини во Coca-Cola.
Кампањата е развиена од WPP Open X, под водство на Ogilvy New York и со поддршка на Ogilvy PR.
View this post on Instagram