Автор: Душан Пецов
Глобалната Pivot Experience агенција Geometry ја имаше задачата да го креира новиот глобален packaging design за Кока Кола кој што ја рефлектира сржта (The Essence) и е продолжение на новата глобална кампања ‘’IT’S TIME TO EAT TOGETHER’’.
Новиот packaging design има за цел да покаже дека разликите во возраст, професија и етничка припадност можат да бидат надминати и да исчезнат кога луѓето споделуваат храна на маса и секако се придружувани од Кока Кола. Иако уживаме во најдобрите моменти на човечкиот напредок сепак овие разлики се’ уште постојат и ги разделуваат луѓето.
Целта на оваа кампања е да истакне дека во свет на политички, социјални и економски конфликти каде што луѓето се поделени по различни основи, Кока Кола е тука да ги зближи околу споделување на храна и консумирајќи Кока Кола. Додека со вкусот на Кока Кола може да се поминат бариерите, со политичките, социјалните и економските разлики на луѓето тоа не е возможно. Затоа оваа глобална кампања има најпрво за цел да ги зближи луѓето околу споделување на храна на маса придружувани од уникатниот вкус на Кока Кола и секако да ги направи посреќни што е дирекно изразување на централната вредност (Brand DNA) на Кока Кола: среќата.
Овој нов packaging design има исто неколку цели:
- Да ја засили самата ‘’consumption occasion’’ на Кока Кола додека јадеме односно да ги мотивира лојалните потрошувачи да консумираат Кока Кола додека јадат (top of mind brand awareness),
- Да направи фреквенција на консумирање (consumption frequency) на оние потрошувачи кои редовно консумираат Кока Кола но можеби не толку многу за време на ручек, вечера итн.
- Да се направи емоционална конекција преку packaging design со купувачи и нивна конверзија од консумирање на друг бренд во консумирање на Кока Кола.
Со овој нов packaging design Кока Кола потсетува дека пакувањето има значајна улога во денешниот модерен маркетинг со цел да се допре до финалниот потрошувач и секако да се мотивира да го консумира самиот бренд во одредена ситуација и почеста фреквенција при консумирањето на еден бренд.