Порано годинава, компанијата за безалкохолни пијалаци Coca-Cola објави дека ја заменува својата препознатлива зелена амбалажа со проѕирни пластични шишиња за три пијалоци – Sprite, Fresca и Seagram. Целта на овој потег беше поголема одржливост во менаџирањето со отпадот, бидејќи обоената пластика е многу потешка за рециклирање. Сега, компанијата реши да ја одбележи оваа промена со музичка албум наречен “Recycled Records” („Рециклирани снимки“).
Имено, Coca-Cola ги ангажираше продуцентите Марк Ронсон и Мадлиб за да го состават овој албум од седум песни, овозможувајќи им на фановите да го слушаат процесот на рециклирање. Ронсон и Мадлиб направиле аудио снимки директно од фабриката и ги претвориле во уметнички ритами кои ја промовираат одржливоста и циркуларноста.
Иако можеби нема очигледна врска помеѓу музиката и рециклирањето на пластичните шишиња, “Recycled Records” ги поврзува двете сфери така што покажува како „рециклирањето“ всушност се случува и во музиката. Односно, Ронсон и Мадлиб демонстрираат како музичарите и продуцентите често „семпловаат“ ритми и мелодии од други песни и ги реинтерпретираат т.е. рециклираат во контекст на нова музичка идеја.
Во овој албум, двајцата продуценти ги вклучиле еклектичните звуци на рециклирачкиот фабрички процес – од „титкањето“ на транспортен виљушкар, до текот на подвижната лента – претворајќи ги во музичка композиција која треба да поттикне размислување за поодржлива иднина.
Дополнително, албумот ќе го придружува и краток документарен филм со нарација на раперот MC Lyte, кој во детали го објаснува начинот на кој може да се спасат и мелодиите и пластиката.
Албумот “Recycled Records” е достапен за слушање на следниот линк.