Првично, во февруари беше лансирана Coca-Cola Starlight, чиј вкус беше инспириран од „длабоката вселена“. Потоа, во април, брендот го лансираше пијалакот Coca-Cola Byte со вкус на „компјутерски пиксели“. За третиот квартал од годината, Coca-Cola го лансира специјалниот вкус “Marshmello’s Limited Edition Coca-Cola”.
Ова најново продолжение на проектот Coca-Cola Creations претставува газиран пијалак со вкус на лубеница и јагода, создаден во партнерство со популарниот американскиот продуцент на електронска музика и диџеј Marshmello.
Сето ова е дел од големиот план за иновации на Coca-Cola, кој има за цел да го направи брендот попривлечен за помладите потрошувачи со специфични вкусови кои бараат нешто поразлично од стандардните и вообичаени газирани пијалаци. Најголемиот бренд за газирани пијалци во светот на фановите им вети „неочекувани мешавини“, а најновите напори доследно ја следат таа определба.
Ограниченото издание на Coca-Cola и Marshmello ќе биде првично достапно во Соединетите Американски Држави, почнувајќи од 11 јули, а потоа ќе се пробие и во неколку други земји низ светот. Дизајнот на тенката лименка е доследна на иконичната црно-бела маска на уметникот.
Со цел промоција на новиот пијалак, Coca-Cola и Marshmello ќе реализираат повеќе дигитални активности на различни социјални мрежи и видео-стриминг платформи, а напорите ќе вклучуваат и креација на персонализирана дигитална уметност за фановите, создадена со помош на вештачка интелигенција.
🚨 The secret is out 🚨 #CocaColaCreations hit featuring @Marshmello will be electrifying your tastebuds soon. 👅⚡️#CocaColaXMarshmello pic.twitter.com/jTauMvRoy5
— Coca-Cola (@CocaCola) June 29, 2022