Coca-Cola објави ново глобално партнерство со Brown-Forman Corporation со цел проширување на своето портфолио на алкохолни пијалаци.
Познатиот бренд на газирани пијалаци се надева да предизвика вистинско бранување во светот на алкохолните пијалаци со претстојното лансирање на готовиот коктел “Jack & Coke” во лименка (комбинација на Jack Daniel’s виски и Coca-Cola). Пијалакот ќе има само 5% алкохол, слично како вообичаеното пиво.
Компанијата планира премиерно да го лансира новиот производ на пазарот во Мексико подоцна годинава, а потоа и секаде ширум светот. Постојат планови и за производство на варијанта без шеќер.
Новиот производ е резултат на склученото партнерство со Brown-Forman Corporation – компанијата која стои позади портфолиото на Jack Daniel’s и други алкохолни брендови како Woodford Reserve, Old Forester и El Jimador.
„Ова партнерство спојува две класични американски икони со цел да им понуди на потрошувачите вкусно искуство кое го сакаат, и тоа на начин кој е конзистентен, удобен и пренослив“ – изјави Ласон Вајтинг, генералниот извршен директор и претседател на Brown-Forman Corporation.