Финалето на американската NFL-лига, популарно познато како Super Bowl, претставува еден од најважните адвертајзинг настани во годината, при што само една кратка 30-секундна реклама чини по повеќе милиони долари. Меѓутоа, NFL-лига оваа сезона се соочува со пад во гледаноста и покрај напорите да привлече нова публика.
Гигантот за безалкохолни пијалоци Coca-Cola, инаку редовен огласувач за време на Super Bowl, соопшти дека оваа година сепак нема да има своја телевизиска реклама за време на настанот.
„Оваа тешка одлука беше донесена со цел да се осигураме дека инвестираме во вистинските ресурси во овие времиња кои се без преседан,“ стои во соопшението на компанијата.
Нивниот најголем конкурент, PepsiCo, исто така соопшти дека нема да има традиционален рекламен спот оваа година и наместо тоа ќе се фокусира на своето спонзорство на шоуто кое се случува и емитува за време на полувремето на натпреварот.