Нешто повеќе од една година откако се појави во продавниците ширум светот, Кока Кола ја започна првата голема рекламна кампања наречена „Can i Get an Aha?“ за својот нов бренд, газираната вода Aha.
Во мноштвото видеа направени од креативната агенција Preacher, актерите Лорен Лапкус и Колтон Дан, во речиси секој збор кој го изговараа, вклучуваа и „аха“. Некои примери се: „Ahawesome“ (Awsome), „Tahaco platter“ (Tacco platter) или „I’m feeling a little fahamished“ (Famished).
Кампањата ќе се прикажува во текот на летото на телевизиските, аудио и стриминг канали, како и на социјалните мрежи.
„Гледаме голем потенцијал во овој бренд“, рече Улис Рамирез, директор на групата на хидратациско портфолио на Кока Кола за Северна Америка, кој истакна дека брендот “Аха“ има 8% удел на пазарот во категоријата ароматизирани газирани води.
Газираната вода без шеќер “Аха“, која првпат се појави во март 2020 година, доаѓа во различни комбинации на вкус, како што се лимета и лубеница или јагода и краставица. Две од понудените опции, манго и црн чај и цитрус со зелен чај, содржат 30 мг кофеин. “Аха“ е првиот бренд на Кока Кола по повеќе од 10 години.
Бидејќи купувачите сè повеќе се наклонети кон поздрави опции на пијалоци, се гради и конкуренција за контрола на просторот на газирани пијалоци. PepsiCo, на пример, ја промовира својата ароматизирана газирана вода Bubly со спотови во кои се појавува популарниот пејач Мајкл Бабл. Во март, компанијата Ocean Spray ја претстави Ocean Spray Wave, газирана вода со кофеин, направена со овошен сок.
Во текот на изминатата година, Кока Кола започна да отфрла производите со слаби резултати, како што се содата Tab diet и водата од кокос Zico, за да се фокусира на основните брендови и позиционирање во иднина.
Минатиот месец, компанијата започна маркетинг кампања со актерката Гал Гадот, за промовирање на Smartwater +, новата линија на премиум флаширана вода.
„Сè додека купувачите покажуваат интерес да останат хидрирани, тие сакаат нивната вода да има некои дополнителни придобивки“, објасни Рамирез. „Тие сакаат хидратација и задоволство. Хидратација и благосостојба. Хидратација и будност. Од овие причини, гледаме пораст на категоријата вода “.