Кока Кола си постави цел дека до 2030 година ќе рециклира по едно пластично шише, односно лименка за секое продадено шише или лименка. На тој начин производителот на газирани пијалаци планира да стане лидер помеѓу компаниите по намалување на пластичниот отпад.
Имено, во светот се рециклира само 10% од таквиот отпад, а до 2050 година се проценува дека во океаните ќе има повеќе пластика отколку риби. Со едуцирање на купувачите за процесот на рецкилирање, Кока Кола има намера за 12 години да ја достигне целта 50% од составот на нејзината амбалажа да бидат материјали настанати од рециклирање, кои и понатаму можат да се преработуваат.