Ниту еден друг бренд не презема креативни ризици кога станува збор во менување на етикатите како што тоа го прави Coca-Cola, која сега на пазарот понуди уште една мудра идеа – етикети за шишиња кои можат да се одлепат и да станат алки кои обожавателите на музички фестивали истите може да ги користат наместо влезница.
Идеата е развиена од страна на McCann Букурешт, и доаѓа во форма на 8 дизајни. Не секој може да добие влез на фестивалот – етикетата треба да се скенира со специјална апликација со чија помош може да се провери дали таа етикета е добитна. Брендот веќе е во партнерство со различни фестивали во Романија помеѓу кои и Untold Festival во Трансилванија кој е прогласен за најдобриот поголем Европски фестивал на European Festival Awards.
McCann изјави дека кампањата успеала да достигне до 75% од тинејџерите во Романија и придонела кон зголемување на продажбата за 11%.