Кока-кола го назначи Marcos de Quinto (@MarcosdeQuinto) за свој нов Главен маркетинг директор (CMO).
Господинот de Quinto ќе го замени Joe Tripodi, кој ја извршуваше функцијата во изминативе седум години. Новиот CMO досега беше главниот човек на Кока-Кола за Шпанија и Португалија, функција која ја извршуваше уште од 2000-та година.

de Quinto се приклучил на Кока-Кола уште во 1982 година во шпанскиот оддел за маркетинг. Досега бил маркетинг директор на Кока-Кола Шпанија и Кока-Кола Германија, како и менаџер на маркетинг одделот на Кока-Кола во Западна и Југоисточна Азија. de Quinto има и работно искуство во маркетинг агенција, бидејќи еден период од кариерата бил и дел од ALAS BATES/BSB Advertising
Транзицискиот период ќе биде од сега до февруари, до кога Marcos de Quinto ќе треба да ја преземе улогата и да се пресели од Мадрид во Атланта.
За тоа што се очекува од Marcos, CEO-то на Кока-Кола Muhtar Kent, во изјавата по повод наименувањето рече: “Целото DNA-то на Маркос е маркетер, тој има извршувано повеќе лидерски позиции во текот на кариерата, така што очекуваме да ни донесе глобален поглед со силно оперативно искуство и знаење на новата позиција“
Извор: AdAge