Купувачите ги сакаат, бидејќи тие се лесни и можат повторно да се затворат, посочи Беа Перез, директор на одделот за одржливост во компанијата Кока Кола
Компанијата, која е една од најголемите светски производители на пластична амбалажа која завршува како отпад, сепак се заложи дека до 2030 година ќе рециклираат сè што имаат произведено и ќе го користат тој материјал за производство на нови шишиња.
Активисти за заштита на животната средина тврдат дека, сепак, многу шишиња Кока Кола ќе останат нерециклирани и ќе завршат во депонија.
Компанијата произведува околу три милиони тони пластична амбалажа годишно, што е еквивалентно на 200.000 шишиња во минута.
Говорејќи на Светскиот економски форум во Давос, Беа Перез, директор на одделот за одржливост во компанијата Кока Кола, рече дека компанијата препознава дека сега мора да стане „дел од решението“.
Кока Кола е посветена на користење најмалку 50% од рециклираниот материјал во својата амбалажа до 2030 година. Исто така, соработуваше со невладини организации ширум светот за да помогне во собирањето.
Долготрајна цел на Кока-Кола е да целата амбалажа да биде направена од најмалку 50% рециклиран материјал до 2030 година. Исто така најави партнерство со невладините организации ширум светот кои би помогнале во собирањето.
Сепак, Перез рече дека компанијата не може одеднаш да ја исфрли пластичната амбалажа, како што побараа некои активисти, затоа што тоа ќе ги одврати купувачите и ќе предизвика пад на продажбата.
„Бизнисот нема да биде бизнис ако не ги задоволуваме потрошувачите“, рече таа. „Како што ја мeнуваме нашата инфраструктура на производство и преминуваме во рециклирање и иновирање, така мораме да им покажеме на купувачите какви се можностите. Тие ќе се променат заедно со нас”.