Кока-Кола (The Coca-Cola Co.) објави видео со пораки за благодарност до луѓето кои помагаат светот да биде подобро место за време на пандемијата Covid-19, во чест на светскиот ден на работниците.
Видеото покажува приказна составена од две страни, презентирајќи ги најпрво негативните примери на светот кој станавме – во споредба со примери и пораки кои даваат надеж и позитивност.
Тоа е составено од кратки видео клипови и слики од целиот свет, од реални луѓе кои ја користат нивната хуманост за да ги пребродат потешкотиите, од здравствени работници па се до луѓето кои ги слават родендените на своите постари родини од дистанца.
Насловот на видеото е “To the human race” и истото е изработено од Merdeka LHS, Dentsu Group Malaysia. Погледнете го во продолжение: