Секој од рестораните и локалите за брза храна ширум светот за себе тврдат дека се „најдобри“, дека имаат „највкусен бургер“, дека тие се „кралеви на похованото пилешко“, или дека имаат „пица број еден во градот“.
Иако е малку веројатно дека некогаш ќе биде постигнат консензус за тоа кои места всушност ги имаат најдобрите пилешки прсти, чизбургер или ќебапи, Coca-Cola открива дека тие често се согласуваат за едно нешто: вкусната храна треба да биде придружена со ладно шише Кока-Кола.
Во соработка со креативните агенции Open X и VMLY&R, дел од мрежата на WPP, брендот за безалкохолни пијалаци отпочна сосема нова кампања со билборди и принт кампањи ширум Соединетите Американски Држави кои илустрираат колку често славниот бренд се споменува покрај „најдобрите“ локали за брза храна.
Кративниот тимот тргнал на долго патување низ САД, застанувајќи покрај многу ресторани и локали за да ги испробаат нивните најпознати оброци. Но, во текот на целото патување, тие одново и одново забележувале слични знаци – нагласувајќи колку добро Кока-Кола се комбинира со речиси сè.
Како што истакнуваат од компанијата, иако е сосем веројатно дека никогаш нема да запре надмудрувањето чија пица или пофрит се најдобри, се чини дека скриената, но непобитна вистина е сеприсутна низ менијата и знаците насекаде: Кока-Кола!