Компанијата Кока Кола претстави нов автомат за пијалок под назив Coca-Cola Freestyle 9100, кој овозможува поврзување со смартфонот на купувачите, односно со апликацијата Freestyle
Кока-Кола веќе има уреди со екрани на допир кои нудат 200 различни опции за пијалаци. Речиси 50.000 кока-кола Фристајл апарати обезбедуваат 14 милиони пијалоци дневно во целиот свет, а сега е време за иновации.
Новите Freestyle 9100 апарати им овозможуваат на купувачот да се поврзе со уредот користејќи го својот паметен телефон и апликацијата Freestyle, преку Bluetooth, и да ја избере мешавината на пијалоците што ја посакува.
Уредот е претставен на саемот на Националното здружение на ресторани во Чикаго минатиот викенд, а во САД ќе се појави следната година.