Кока Кола најави ексклузивна соработка која особено ќе ги одушеви посетителите на тематски паркови на Дизни, инспирирани од популарниот серијал “Војна на ѕвездите”.
Кокан Кола дизајнира специјални пакувања за најпопуларните пијалоци кои од 31 мај ќе бидат достапни во тематските паркови Star Wars во Дизниленд во американската држава Калифорнија и Disney World во Орландо во американската држава Флорида.
Лимитираните шишиња на Кока Кола пијалаците во форма на сферични топки се дизајнирани да се вклопат и да останат верни на естетиката на Војна на ѕвездите и да делуваат автентично. Така на пример, името и логото на брендовите на Кока Кола на амбалажата се испечатени во Aurebesh, букви на галактички “основниот” јазик карактеристичен за овај научно- фантастичен серијал.
Соработката на Кока Кола и Дизни е овековечена и со видео спот во кој ликовите на Војна на ѕвездите се освежуваат од ладилник полн со Кока Кола пијалаци.