Компанијата го претстави својот прв нов вкус во линијата Coke во изминатите 12 години – Orange Vanilla Coke
Кока Кола го промовира својот прв нов вкус во последните 12 години во Coke линијата, Orange Vanilla Coke, со спот што очигледно е инспириран од култните сцени на автомобилските бркотници кои ги одбележаа филмовите во 1970 година.
Рекламата е креирана од страна на агенцијата Wieden&Kennedy, Портланд, а целиот спот со својот дух изгледа “како да е ископиран од некоја епизода на познатата акциона телевизиска серија од 1970-тите, Starsky and Hutch, со фанки музиката и останатите детали.”
Orange Vanilla Coke ќе има и своја Zero верзија без шекер, а се работи за првиот нов вкус на брендот од Vanilla Coke Zero кој во продавниците се појави во 2007 година, кога се приклучи на претходната линија Cherry Coke.
Новиот вкус Orange Vanilla Coke ќе биде поддржан во САД со ТВ, дигитално, надворешно и радио рекламирање. Засега сè уште не е јасно кога новиот вкус ќе дојде во Европа.
.