Порано годинава, Coca-Cola ја лансираше платформа за иновации Coca-Cola Creations, преку која ќе бидат лансираат серија на нови специјални вкусови, соработки и искуства поврзани со „физичкиот и дигиталниот свет“.
Првиот нов вкус лансиран во таа серија беше Starlight – пијалак со вкус на вселената, додека пак сега следува Zero Sugar Byte. Се работи за пијалак кој наводно го пренесува вкусот на „компјутерските пиксели“ и „видео-игрите“.
Новиот производ е специјално насочен кон помладата гејмерска заедница, длабоко внесена во метаверзумот, која претставува значајна целна група за голем број на брендови, вклучително и Coca-Cola.
„За нашиот втор израз од Coca-Cola Creations, сакавме да создадеме иновативен вкус инспириран од разиграноста на пикселите, базиран врз искуствата кои ги овозможуваат видео-игрите. Како што пикселите овозможуваат дигитално поврзување, така Coca-Cola Zero Sugar Byte ги спојува луѓето заедно да споделуваат моменти на вистинска магија“ – посочува Оана Влад, постара директорка за глобална стратегија во Coca-Cola.
Новиот пијалак Zero Sugar Byte првично беше лансиран во Латинска Американ, во „екстремно ограничени количини“. На пазарот во САД ќе биде достапен од 2 мај, но само преку онлајн нарачка. Нема информации дали ќе се продава и во Европа.