Компанијата за безалкохолни пијалаци Coca-Cola го продолжи глобалниот редизајн на пакувањата за своите пијалаци, отпочнат минатото лето.
Новата година ја отпочна со редизајн на пакувањата за своите ароматиризирана пијалаци со вкус на цреша, ванила и цреша+ванила.
Пијалаците со вкус на цреша сега ќе се препознаваат по вепчатливата виолетова боја на нивното пакувања, врз кое името на брендот ќе биде испишано со бели букви (за варијантата со шеќер), односно со црни букви (за варијантата без шеќер).
Истото важи и за пијалакот со вкус на ванила, но наместо виолетовата боја, неговите пакувања ќе имаат кремаста боја.
Комбинираниот вкус на цреша со ванила, пак, ќе има пакување кое ги комбинира двете бои – виолетова + кремаста.
Покрај новите пакувања за ароматизираните пиајалци, Coca-Cola го најави и лансирањето нов вкус од своето Кока-Кола кафе (Coffee Coke), кое сега ќе биде достапно и во вкус на Мока кафе, покрај досегашните вкусови на ванила, карамела и црно кафе.