Под платформата Real Magic Presents, компанијата Coca-Cola го најави лансирањето на серија Божиќни филмови под насловот “The Chrismas Anthology” („Божиќната антологија“). Филмовите се веќе достапни за гледање за претплатниците на Amazon Prime Video.
Првите три кратки филмови во антологијата се насловени “Alma”, “Les Petits Mondes De Noël” и “Christmas Bites“, а заедно го комплетираат серијалот “Christmas Always Finds Its Way” („Божиќ секогаш наоѓа начин“). Како што може да се забележи од насловите, секоја од трите приказни е сместена во различна држава, опфаќајќи три различни јазични подрачја, но сите со фокус кон истото универзално искуство на Божиќните празници.
Дејството на филмот “Alma” е сместено во некој град во Мексико, познат по тоа што во текот на годината прави Божиќни украси за целиот свет. Но, жителите повеќе не ја чувствуваат магијата на Божиќ, сé додека не се случи настан кој повторно ќе ја разгори магијата.
“Les Petits Mondes De Noël” е романтична љубовна приказна што се расплетува помеѓу двајца отуѓени љубовници од Париз кои работат во соседни продавници за музика, односно книги, а кои ја обновуваат нивната врска додека ги украсуваат своите празнични излози.
“Christmas Bites” е комедија сместена во Америка во која се раскажува за вампир кој за прв пат ги запознава родителите на својата девојка и што се случува кога ќе го запознае својот долгогодишен ривал – Дедо Мраз.
Овој прв серија на филмови е продукт на креативната соработка помеѓу американските филмски продуценти Брајан Грејзер и Рон Хауард од продукциската куќа Imagine Entertainment. За режија на трите кратки филмови биле ангажирани режисерите Vellas од Бразил, JB Braud од Франција и Alex Buono од САД – сите дел од креативниот тим на продукциското студио PRETTYBIRD.