УЕФА и Кока Кола објавија дека потпишаа договор според кој производителот на пијалоци ќе стане официјален спонзор на безалкохолни пијалоци на Европското првенство во фудбал во 2020 година.
Овој натпревар ќе има посебен европски карактер следното лето, со оглед на тоа што се одржува во 12 града ширум континентот, со што прославува 60-години од своето постоење.
Договорот за спонзорство и` дава можност на оваа компанија да понуди неколку брендови, вклучувајќи газирани пијалоци, енергетски пијалоци, вода, готово кафе и овошни пијалоци, во верзии со или без шеќер.
„Ја почитуваме континуираната посветеност на Кока Кола кон европскиот репрезентативен фудбал која навлезе длабоко во четвртата декада и драго ни е што ни се придружуваат како спонзор на Европското првенство во 2020 година“, рече Гај-Лорен Епштајн, директор за маркетинг во UEFA Events SA.
„Кока Кола е совршен партнер за нас, како заради долготрајната соработка со УЕФА, така и затоа што може да ги обедини и зближи луѓето. Ова е особено важно за Европското првенство во фудбал 2020 година, бидејќи за прв пат го организираме овој натпревар во 12 земји, што ќе им овозможи на најголем број на навивачи досега да го гледаат најдобриот фудбал ширум целиот континент “.
Кока Кола има долготрајно и плодно партнерство со УЕФА и го спонзорира европското натпреварување на најдобрите репрезентации во фудбал од 1988 година.
„Имаме долга и богата историја на поддршка на фудбалот на сите нивоа, од школи за фудбал за деца до светската сцена. Исклучително ми е драго што продолжуваме да ја споделуваме радоста на фудбалот со милиони навивачи, како и со нашите купувачи и партнери. Пред и за време на овој натпревар следната година, ќе понудиме најширок спектар на пијалоци за освежување на тимовите и навивачите низ цела Европа“, изјави Валтер Сузини, потпретседател на Кока Кола за маркетингот за Европа, Блискиот исток и Африка
Европското првенство во фудбал 2020 година започнува на 12 јуни во Рим и завршува еден месец подоцна со финалниот натпревар на стадионот Вембли во Лондон.
Натпреварите ќе се играат во 12 града – домаќини низ Европа: Амстердам, Баку, Билбао, Букурешт, Будимпешта, Копенхаген, Даблин, Глазгов, Лондон, Минхен, Рим и Санкт Петербург.