Американскиот телекомуникациски и медиумски комгломерат Comcast најави одделување на поголем дел од своите кабелски телевизиски канали во нова компанија, во време кога сè повеќе корисници ги заменуваат своите претплати за кабелска телевизија со платформи за стриминг.
Според претставените планови, од подружницата NBCUniversal на Comcast ќе бидат одделени каналите USA, Oxygen, E!, SYFY и Golf Channel, вклучувајќи ги исто така и информативните телевизии CNBC и MSNBC. Дел од новата компанија ќе станат и дигиталната платформа за продажба на билети за филмови Fandango, како веб-сајтот за рејтинг на филмови Rotten Tomatoes.
Дел од Comcast ќе остане стриминг сервисот Peacock, кабелската телевизија Bravo – која продуцира важни содржини за споменатата стриминг платформа, како и продукциските студија и тематски паркови под капата на NBCUniversal.
Каналите и платформите што ќе бидат одделени во засебна компанија генерирале приход од „само“ 7 милијарди долари во периодот од септември 2023 до септември 2024 година, што е еднакво на 5,5% од вкупните приходи на Comcast во тој период.
Comcast има за цел да ја реализира ваквата транзицијата во текот на следната година, иако сè уште не е јасно како точно таа ќе биде спроведена и како таа ќе влијае врз корисниците.
Најголемо внимание во американската јавност предизвика најавата за одделување на информативниот новински канал MSNBC, кој инаку важи за политички наклонет кон Демократската партија.
Па така, по соопшените планови за реорганизација, телевизијата наиде на подбив меѓу поддржувачите на Републиканците. Во тој контекст, милјардерот Елон Маск се пошегува дека можеби ќе ја купи телевизијата и ќе ја ремоделира по свој вкус, како што претходно истото го направи во Твитер.