Common.mk (Линк: https://common.mk/) e нова домашна платформа која нуди услуга за онлајн резервации за бизниси кои функционираат на принципот на закажување и така на граѓаните им нуди можност целиот процес на дефинирање термин за користење на услугата да го извршуваат онлајн со само неколку клика во зависност од сопствените желби и останати дневни активности.
Во моментот на Common.mk се присутни повеќе салони за убавина, спортски објекти, ПЗУ и третмани за миленичиња и други видови на бизниси, а листата на корисници се проширува од ден за ден.

“Главната цел на common.mk е да го поедностави работењето на бизнисите кои треба да бидат во чекор со дигитализација, како и да ги доближи нивните услуги до граѓаните преку БЕСПЛАТНИ онлајн резервации и бројни други поволности кои ги нудиме. Сите информации се достапни за клиентите и има непречена транспарентност од двете страни. Едноставноста и ефикасноста ни се приоритети. Секој бизнис кој работи на принцип на резервации, добива свој административен панел преку кој го раководи својот профил на common.mk, каде потврдува, одбива или презакажува резервации, прави ваучери и нуди неограничен број на услуги “, велат за Маркетинг365 од тимот на Common.
Кои се придобивките за граѓаните?
– На секој граѓанин му е овозможено БЕСПЛАТНО користење на нашата платформа, која ги нуди следниве придобивки: онлајн закажување на термини, собирање на лојални поени со кои се добиваат разни погодности и попусти на услуги, купување на ваучери по промотивни цени кои се единствено достапни преку common.mk,
Сите бизниси кои сакаат да дознаат повеќе за можноста да се најдат на Common.mk можат да го контактираат нивниот тим на следнава е-маил адреса: marketing.commonmk@gmail.com или да им се јават на следниве телефонски броеви: 070280091 или 072207744.