Генералниот директор за дигитални технологии и маркетинг на Unilever, Кони Брамс, беше прогласена за „Глобален маркетер на годината 2021“, во избор на Светската федерација на огласувачи (World Federation of Advertisers – WFA).
Светската федерација на огласувачи е глобална организација основана во 1953 година во која членуваат повеќе од 120 мултинационални брендови и над 60 национални огласувачки асоцијации. Наградата за „Глобален маркетер на годината“ се доделува годишно во партнерство со адвертајзинг магазинот The Drum.
Брамс ја доби овогодишната титула како резултат на комбинираните гласови на експертско жири и претставници на индустријата, вклучувајќи ги членките на WFA.
Како првоназначен Генерален директор за дигитални технологии и маркетинг, Брамс е одговорна за дигиталните трансформации и маркетингот на компанијата на глобално ниво, при што нејзина цел е максимизирање на можностите за раст.
Таа беше назначена на нејзината актуелна позиција во јануари 2020, после долга меѓународна кариера со успешни резултати во Unilever – компанија од која е дел веќе три децении.
Покрај победничката Брамс, во потесниот избор за „Глобален маркетер на годината 2021“ се најдоа и: Андреа Алварес од Natura; Рупен Десаи од Dole Sunshine Company; Кристина Дејжандино од Diageo; Џулија Голдин од LEGO Group; Пратик Такер од Coca-Cola Company; и Џејн Вејкли од Mars, Incorporated.
Сите оние кои се најдоа во потесниот избор демонстрирале извонредни резултати и лидерство во четири клучни области: Предводење на иницијативи кои придонесуваат кон одржлив бизнис раст; Оптимизирање на нивната глобална маркетинг организација, вклучувајќи ја ефективната работа со партнери; Постигнување иновативност и креативност кои се истакнуваат; Играјње важна улога лидерска улога во промовирањето на разноликоста и инклузивноста.