Во времето на дигиталните медиуми се повеќе се нагласува употребата на терминот CONTENT MARKETING.
Што всушност е Content маркетингот? Како би можеле да го дефинираме?
”Секој дел од комуникацијата кој една компанија го креира за да поттикне реакција од страна на корисниците,тој есенцијално е добар концепт но не е доволно разбран” е една од дефинициите, надополнета со мислењето дека: ‘ Откако пештерските луѓе започнаа да цртаат по пештерските зидови за да ги продаваат стапчињата со кои цртале, содржините фундаментално започнаа да го трансформираат бизнисот…”
Сега повеќе од кога и да е содржинскиот маркетинг го заменува традиционалниот маркетинг пристап, но зошто?
Потрошувачите денес ја имаат целосната контрола на нештата во кои сакаат да се вклучат. Пред 25 години големите брендови ја контролираа пораката која се пренесуваше преку рекламите на големите медиумски компании.
Технологијата во голема мера ја промени оваа ”игра”. Потрошувачите можат да ги игнорираат рекламите и содржините кои не се релевантни за нив. За да се издвојат од останатите, брендовите мораат да раскажуваат неверојатни приказни кои се вредни да се видат, прочитаат и чујат, а со тоа и самите да станат медиуми во текот на целокупниот процес.
Што експертите говорат за содржинскиот маркетинг погледнете во следното видео: