Дизајнерите инспирација бараа во богатата историја на брендот, за да создадат нов визуелен идентитет кој го одржува „смелиот дух на младоста“
Converse го редизајнираше своето лого со елементи на долгата историја на овај култен бренд, а новиот идентитет и понатаму е многу препознатлив и дискретен. Како што истакнаа од компанијата, сакале да направат „изглед за иднина“, кој ќе го одржува „смелиот дух на младоста.“
Овај бренд постои уште од 1908 година, а низ своите години на постоење ја задржа огромната популарност помеѓу младите потрошувачи. Новото лого го заменува претходното лого, кое во буквата „O“ содржеше ѕвезда, која сега се наоѓа над називот на брендот, сместена во знакот шеврон (>).
„Сакавме да го искористиме симболот кој е дел од нашето наследство, а кој исто така претставува движење напред“, изјавија од Conversе.„Предизвикот беше како да се вметне и нашето име во миксот, па моравме да развиеме и нова текстуална ознака“.
Кога е во прашање текстуалниот дел од логото, дизајнерите бараа инспирација за нова типографија во старото лого на Conversе, па конечниот резултат претставува комбинација на четири или пет различни верзии на старото лого, со силно влијание на од 1920-тите и 30-тите години, кога беа популарни силни sans-serif фонтови.
Иако новото лого го претставува новиот визуелен идентитет на овај бренд, тоа нема да го замени култното Chuck Taylor лого, кое и понатаму ќе се користи.
Converse исто така лансира и нова One Star Perforated Leather колекција, која изворно настанала во 70-тите години на минатиот век, како наменски обувки за кошарка, а подоцна во 90-тите скејтерите ја прифатија како свој „заштитен знак“.