Модниот бренд за обувки Converse создаде глобален “All Stars” тим на креативци и улични уметници кои создаваат еколошки одржливи мурали во повеќе градови низ светот.
За реализација на кампањата насловена „City Forests“ („Градски шуми“), уметниците ќе ја употребуваат специјалната боја KNOxOUT која ја користи сончевата енергија за да го намалува загадувањето и прочистува околниот воздух.
Вакви мурали досега се насликани во градовите Банкок, Белград, Варшава, Сао Паоло, Сантијаго, Сиднеј, Лима, Јоханесбург, Манила и Мексико Сити, а наскоро ќе бидат насликани и во Џакарта и Мелбурн.
Според Converse, прочистувањето на воздухот од досега насликаните мурали е еквивалентно на 4.594 посадени дрвја.
Иницијативата за ваквата кампања започнала уште од август 2019 година, а брендот продолжува да бара локални уметници ширум светот кои ќе се приклучат кон мисијата за подобрување на квалитетот на воздухот во градовите.