Corona Cero, безалкохолната верзија на пивскиот бренд Corona и официјален спонзор на овогодинешните Олимписки игри, реализираше досетлива билборд кампања во која ги надополнува рекламите на спортски брендови со повик за релаксација со пиво.
Едноставната, но генијална кампања била реализирана во три чекори:
- Идентификација на билборди од спортски брендови како Reebok, Smart Fit, Powerade и Klimax, на кои што се прикажани луѓе додека спортуваат или вежбаат;
- Изнаоѓање на визуелно соодветни илустрации од својата обемна библиотека на над 18,000 слики, во кои луѓето држат слични пози како спортистите, но во случајот пијат пиво;
- Нивно поставување веднаш до спортските билборди, надополнувајќи ги нивните слогани со пораката „… и потоа релаксирајте се“.
Резултатот е дводелен панел во кој едната страна ја повикува јавноста на физичка активност, додека пак другата страна ја нуди опцијата на безалкохолно пиво како начин за опуштање по извршениот напор.
Кампањата била имплементирана во Лима, главниот град на Перу, од страна на креативната агенција Publicis Perú.