Мексиканскиот бренд на пиво Corona објави неколку нови рекламни спотови за американскиот пазар како дел од нивната долгогодишна бренд-платформа “La Vida Más Fina” („Најфиниот живот“).
Се работи за три кратки спотови од по 15 секунди кои прикажуваат луѓе што уживаат на некоја мирна тропска плажа додека гледаат кон морето и пијат пиво Corona. Притоа, во секој од спотовите се случува по нешто хумористично, па дури и целосно апсурдно.
Меѓу луѓето кои се појавуваат во спотовите се познатиот рапер и долгогодишен амбасадор на брендот, Снуп Дог, потоа комичарот Енди Самберг, колумбиската пејачка Керол Џи и кошаркарската ѕвезда Џејсон Татум.