Автомобилот е специјална верзија на моделот SEAT Mii со посебни додатоци избрани од страна на глобалниот креативен тим, регионални уредници и читатели.
Сузан Франц, која e глобален маркетинг директор на SEAT, рече дека автомобилот се поклопува тотално со потребите на жените “во однос на секојдневна употреба “, а освен тоа ова е “најженскиот автомобил” на брендот SEAT.
Таа рече: “Овој нов автомобил ја надминува естетиката, тоа е функционално возило каде дизајнот има цел.
“Cosmopolitan придонесе за трансформација на улогата на жената во општеството, а Mii заедно со Космополитан има за цел да воспостави нова перспектива на автомобили, преку која ќе искаже почит кон модерната жена. “
Hearst истражува се повеќе начини за да создаде нови извори на приходи, по падот на приходите од принт изданието. Од неодамна својот фокус го насочи на настани, лансирањето на иницијативи, како што е beauty pop-up во шопинг центрите во Лондон .